Димитар Пандев е добитник на наградата „Книжевна далга“

- Локални
923

Димитар Пандев филолог и литературен критичар е годинешниот лауреат на големата награда „Книжевна далга“ што ја доделуваат Културниот центар „Бран“ и Ревијата за книжевност „Бранувања“ од Струга, реши Советот на манифестацијата Струшки книжевни средби од Струга.

Наградата се доделува за личниот придонес во афирмацијата на македонскиот јазик и на балканските книжевни вредности во светот и за воспоставување нови патишта на соработка.

Лауреатот Димитар Пандев наградата „Книжевна далга“ ќе ја прими за време одржувањето на манифестацијата „Струшки книжевни средби“- 2019 година  што по девети пат ќе се одржи во Струга, Охрид и Вевчани од 4 до 6 јули..

Роден е во 1958 година во Охрид каде завршил основно и средно образование. Високото образование (од додипломски студии до докторат) ги завршил на Филолошкиот факултет во Скопје.

Од 1981 година до денес постојано работи на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ на Унивезитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, поминувајќи ги сите звања од стажант и помлад асистент до доживотно избран редовен професор, на Катедрата за македонски јазик и јужнословенски јазици, прво по предметот историја на македонскиот јазик, а потоа по предметот општа лингвистика.

Како наставник на Филолошкиот факултет во Скопје држел настава по повеќе предмети на Катедрата за македонски јазик, како и на други факултети во земјата и во странство, како лектор и визитинг професор по македонски јазик и литература. Исто така, со свои реферати активно учествувал на голем број научни собири, симпозиуми и конгреси, пред се, од областа на славистиката. Објавувал статии во повеќе реномирани научни списанија и зборници цо земјата и во странство

Активно се занимава со литературна дејност, особено со литературна критика, но и со проза.како и со осовременување и издавање на стари текстови, и со превод. Се занимавал и со учебникарска дејност.

Член е на Друштото на писателите на Македонија од 1985 година, а во еден мандат  (1987/8) бил и член на Претседателството на Друштвото. Исто така, бил долгогодишен член на Сојузот на Друштвата за македонски јазик и литература и секретар во еден мандат (1984/850. Во еден мандат (2007/2011) бил Претседател на Советот за македонски јазик.

За својата дејност добитник е на повеќе награди и признанија, меѓу нив и на наградите „Гоце Делчев“ (1996), „13 ноемри“ на град Скопје (2007), на „Стале Попов“ на друштвото на писателите на Македонија (2010) и други.

Досегашни добитници на високото меѓународно признание „Книжевна далга“ се Мерсиха Исмајлоска (Македонија), Миљурко Вукадиновиќ (Србија), Вања Ангелова (Бугарија) Олга Лалиќ Кровицка (Полска) и Ристо Василевски, Виктор Шеќероски и  Ристо Василевски.

Strugaonline

фото: aрхива

Facebook Коментари