Tројца претставници од Струга освоија три златни медали на дуатлон првенство во Хрватска

- Локални, Спорт
1484

Започнува со работа Триатлон клубот „3Disciplines“ во Струга. Основањето на овој клуб произлегува од тригодишната соработка помеѓу тренерот Никола Кутаноски и американскиот клуб Струга и неговите учества на трките за нивниот клуб.

Триатлон клубот „3Disciplines“ е основан со поддршка на основачот на американскиот клуб, господинот Kenny Кrell.

Клубот 3Disciplines учествуваше на првата официјална трка што се одржа во Риека, Хрватска на отворено првенство во дуатлон во ПЗ лигата на Хрватска каде настапија тројца членови на струшкиот клуб и освоија три златни медали.

Дуатлонот е дисциплина каде што јуниорите и сениорите имаат делница од 5км трчање, 20 км возење и 2.5 км трчање.

Никола Кутаноски освои прво место во категорија сениори, Димитар Јованоски освои прво место во категорија јуниори, а Ања Еклер освои прво место во категорија јуниорки.

Ања е прилепчанка која тренира и се натпреварува во струшкиот клуб.

Интересно за оваа трка беше тоа што нашите најдобри репрезентативци Никола и Димитар трката ја завршија заедно, со водство од околу две минути пред третопласираниот натпреварувач од Хрватска.

Од струшкиот триатлон клуб потенцираат дека овој успех во Хрватска е одлична проверка на формата на нашите натпреварувачи пред претстојните натпревари, односно државното првенство во дуатлон во Скопје и дуатлон во Србија.

Strugaonline

Facebook Коментари