Денеска, во просториите на Општина Струга, градоначалникот на Општина Струга заедно со шефот на кабинетот одржа средба со претставници на австриската „Зелена партија.“
„Средбата беше главно од информативен карактер, се дискутираше за еколошките проблеми како и за улогата на општината како институција, за заштита на животната средина и природните богатства на Струга.“ -информираат од Општина Струга.
Преставниците на Зелената партија рекоа дека Струга им оставила добар впечаток и се надеват дека во иднина ќе имат можност да ја посетат повторно и да соработуваат со Општина Струга .
Strugaonline
Facebook Коментари