Лев банер Десен банер

Втор Меѓународен Меморијален Атлетски Митинг „Влатко Димитров“ утре во Охрид

Утре на стадионот „Билјанини извори“  ќе се одржи вториот Меѓународен меморијален атлетски митинг „Влатко Димитров“

 

Влатко Димитров остави неизбришливи траги во историјата на македонската атлетика и како тренер на атлетски клуб „Охрид” и како долгогодишен селектор на македонската атлетска репрезентација.

Учесниците ќе се натпреваруваат во неколку дисциплини:
Мажи: 100м; 400м; 1500м; 3000м стиплчес, Копје и Диск; Скок во височина;
Жени: 100м; 400м; 1500м; 3000м стиплчес, Ѓуле и Диск; Скок во височина.

Како меморијална дисциплина на овој митинг ќе биде и скок во далечина во машка и женска конкуренција, дисциплина во која Димитров имаше најмногу успеси во својата долгогодишна кариера.

За годинава, најавено е учество на  атлетичари од Србија, Бугарија, Албанија, Косово и Црна Гора.

Почеток е закажан за 11:30 часот.

Организатор на меморијалниот митинг во чест на професорот и тренер е АК „Охрид“, заедно со Атлетската федерација на Македонија.

Strugaonline

error: