Лев банер Десен банер

Во Охрид денеска започнува ракометниот турнир „Трофеј Македонија 2026“

Денеска во Охрид започнува меѓународниот ракометен турнир „Трофеј Македонија 2026“.

На турнирот ќе настапат женските сениорски репрезентации на Македонија, Хрватска, Србија и Црна Гора, а во текот на трите натпреварувачки дена љубителите на ракометот ќе имаат можност да проследат шест натпревари што ќе се одиграат во спортската сала „Билјанини извори“.

Од 16:00 часот е натпреварот меѓу Хрватска и Црна Гора, додека од 18:00 часот е мечот помеѓу Македонија и Србија.

Влезот ќе биде слободен, а сите натпревари од турнирот ќе бидат емитувани на каналите на Arena Sport.

SttrugaOnline

error: