Стево Пендаровски е новиот претседател на Република Северна Македонија

- Македонија
720

Стево Пендаровски e новиот претседател на Република Северна Македонија. Тој на вчерашниот втор круг од претседателските избори освои 436.212 гласа или 51,66 отсто од гласовите на граѓаните кои излегоа на гласање.

Неговата противкандидатка Гордана Силјановска Давкова освои 377.713 гласови или 44,73 отсто. Вкупно на гласање вчера излегоа 844.365 граѓани од вкупно запишаните 1.808.131 граѓани.

Одзивот беше 46,70 отсто. Неважечки ливчиња се 30.442, односно 3,61 отсто.

Извор: ДИК

Facebook Коментари