Здружението LEAD објави повик за учесници на хакатон за спречување на одливот на „млади мозоци“, кој од 17-ти до 19-ти мај ќе се одржи во Охрид.
Целта е да се придонесе кон националните политики за спречување на одливот на мозоци од државата. Настанот ќе опфати 30 учесници (институционални претставници, граѓански активисти и индивидуалци) кои сакаат да придонесат кон темата преку интензивен дијалог и развој на мерки и политики.
Наменет за лица со најмалку 2 годишно искуство во работа со една од следните области кои се поврзани со одливот на мозоци: вработување, претприемништво, човекови права, младински стандард итн.), дел се од некоја граѓанска организација или делуваат самостојно.
Комплетната информација можете да ја најдете на следниов ЛИНК.
извор: radiomof.mk
фото: архива
Facebook Коментари