Лев банер Десен банер

Се поставуваат клупи на новиот струшки кеј, Општина Струга апелира да не се оштетува урбаната опрема

Општина Струга започна со поставувањето на клупите на новиот кеј со цел на  граѓаните да им овозможи  услови за релаксација и одмор.

 

„Апелираме до граѓаните да внимаваат и да ја чуваaт урбаната опрема која служи за сите граѓани.“ – велат од Општина Струга

Додаваат дека доколку граѓаните забележат лице кое оштетува или  уништува урбана опрема  да пријават на официјалната веб страница на Општина Струга, на социјалната мрежа Фејсбук или по електронска пошта на info@struga.gov.mk.

Strugaonline

 

error: