Територијалната противпожарна единица на општина Струга по повод Светскиот ден на пожарникарите, денеска во своите простории организира „Отворен Ден за граѓаните на општина Струга со вработените во ТППЕ Струга“.
– Средбата е отворена за сите заинтересирани граѓани, родители, деца и претставници од медиуми. На средбата присутните ќе имаат можност да се запознаат со работата на ТППЕ Струга, возниот парк со кој што располагаат и опремата со која секојдневно ги извршуваат своите работни обврски. По завршување на средбата ТППЕ ќе продефилира со своите возила низ улиците на град Струга за да го прослават денот на пожарникарите, информираат од Територијалната противпожарна единица на општина Струга.
Strugaonline
Facebook Коментари