Во овој период Веслачката федерација на Република Северна Македонија поддржана од МОК и АМС, во периодот од 30.05.2019 до 02.06.2019 ќе учествува на Европското првенство за сениори во Луцерн, Швајцарија.
Преставници на репрезентацијата се: Марјан Николовски и Марјан Влаќески.
Во истиот период ,В.К. Црн Дрим о ќе учествува на две големи меѓународни регати во Пловдив, Р. Бугарија. Натпреварувачи на овие регати се: Елена Столеска, Никола Мариноски, Матеа Чуркоска, Филип Чабасоски, Климентина Стојмиловска, Арсениј Ѓоршески, Катерина Глигороска, Кристијан Китаноски, Магдалена Карамитреска и Ана Димоска.
„Се надеваме на подршка за достојно претставување на македонското веслање и на учесниците им посакуваме мирна вода и многу успеси.“ – велат од Веслачкиот клуб „Црн Дрим“-Струга
Strugaonline
фото: aрхива
Facebook Коментари