На 3-ти јуни во Струга започнува 13-тото издание на „Година на есејот“

- Локални
651

Meдитеранската академија „Браќа Миладиновци“ – Струга го најавува тринаесеттото издание на Меѓународната литературна манифестација „Година на есејот.“

Оваа манифестација се одржува по повод 158 години од излегувањето на Зборникот на народни умотворби на Браќата Миладиновци (Загреб 24.06. 1861).

„Година на есејот“ ќе се одржи во период од 3-ти до 5-ти јуни, а учество ќе земат познати есеисти, теоретичари и писатели од Балканот и Европа.

Свеченото отварање е закажано за 4-ти јуни во хотел „Дрим“ (пијано бар) со почеток во 20:00 часот.

Strugaonline

Facebook Коментари