Премиера на претставата „Балканска 3а/2“ вечерва во Охрид

- Локални
770

Вечерва со почеток од 20:00 часот, во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид ќе се игра премиерата од претставата „Балканска 3а/2“ од Дејан Дуковски, а во режија на Ана Батева.

„Балканска 3а/2“ е црна комедија во која недостатокот на човечност во човекот е нормална појава, а човековата отуѓеност од современиот свет е секојдневие.

„Балканска 3а/2“ е и  трилер кој има за цел да ни покаже антиопштествени форми на

однесување, кои освен што го изветоперуваат социјалното функционирање на едно општество, го загрозуваат и неговото постоење.

„Балканска 3а/2“ е слика на апсурдот на нашето време, а оттаму и комичен приказ

на денешното живеење.

Во преставата играат: Стрезо Стаматовски како Илија, Елизабета Стефановска во улогата на Мирна, Филип Кипровски го толкува ликот на Арслан, а како потстанар глуми Никола Тодоровски.

Билет за за премиерата  чини 250 денари.

Strugaonline

Facebook Коментари