КУД „Илинден“ ја започнува патувачката сезона

- Локални
1121

Kултурно уметничкото друштво „Илинден“ ја започнува патувачката сезона преку која и годинава ќе ја воодушевува публиката во странство. Првиот закажан настап е на 9-ти овој месец кога членовите на КУД Илинден ќе настатап во Тирана, Албанија на прославата која ја организира Здружението на Македонците во Тирана, „Илинден”.

Во период од 16-ти до 22-ри јули на покана на Македонскиот културен центар во Сплит – Хрватска друштвото ке одржи неколку концерти во околината на  Сплит и еден целовечерен концерт на „Сплитска рива”.

Од 24-ти до 30-ти јули, подмладокот на КУД Илинден ќе учествува на Меѓународен детски фолклорен фестивал во Сараево – Босна и Херцеговина.

Во период од 15-ти до 22-ри август членовите на КУД Илинден ќе бидат дел од Интернационалниот фолклорен фестивал во Mohàch – Унгарија кој ќе се одржи по 23-ти пат. Сезоната на патувања ќе ја завршат со гостување и целовечерен концерт во Нова Горица – Словенија од 25-ти до 30-ти септември на покана од Македонското културно друштво „Охридски бисери” на прославата што ја организираат по повод 20 години од формирањето на друштвото.

Strugaonline

 

Facebook Коментари