Струшките џудисти освоија пет медали на натпревар во Сараево

На 08.06.2019 Џудо Клуб „ДРИМ” Струга со шест натпреварувачи настапи на Меѓународниот натпревар „Шампион Куп” што по 11-ти пат се одржува во Сараево, Босна и Херцеговина.

Струшките џудисти освоија пет медали од кои четири се сребрени и еден бронзен!

Со медали се закитија:
1. Матео Мартиноски СРЕБРО
2. Јован Џероски СРЕБРО
3. Анамарија Стојмиловска СРЕБРО
4. Давид Танаскоски СРЕБРО
5. Елин Селими БРОНЗА
6. Ермир Колоња 5то место
Strugaonline

