Денеска календарски започнува летото

- Македонија
1343

Денеска во 17 часот и 54 минути на северната полутопка започнува летото.

Во исто време за жителите на јужната хемисфера на Земјата ќе почне зимата.

Летото ќе трае 95 денови, а ќе заврши на 23 септември 2019 година, кога во 9.50 часот по средноевропско време ќе почне есента.
Првиот ден од почетокот на летото е најдолг, а ноќта е најкратка. За жителите на северната хемисфера, летото започнува во време кога правецот на северниот дел на оската на Земјата е најблиску до Сонцето. На тој ден висината на Сонцето над хоризонтот, напладне е на највисоко ниво во текот на годината.

Денеска е 172-от ден од годината, а до крајот на годината остануваат уште 194 денови.

Strugaonline

 

Facebook Коментари