Во тек е 13-тиот ликовно-образовен камп „Ванѓел Коџоман“

- Локални
1714

И годинава во Струга и Охрид се одржува ликовно-образовниот камп „Ванѓел Коџоман“

Младите ликовни уметници кои учестувуваат на 13-иот по ред ликовен камп   цртаат и сликаат познати и непознати мотиви во Струга: Старата архитектура во градот, мотиви покрај езерото и Црн Дрим, во Калишта, Радожда, а планирана е и посета на ликовната галерија-делата на Ванѓел Коџоман. Во Охрид мотиви од Плаошник, црквата Св. Софија, Св. Канео, Св. Наум, старата охридска архитектура и слично. Ликовни материјали и техники за работа се: молив, графит и јаглен на цртачка хартија, пастелни бои на сликарска хартија и со акрилни бои на каширан картон и платно.
Ликовната коловија завршува в недела, 30-ти јуни, по што ќе биде подготвена изложба од изработените ликовни дела на 30 млади уметници, која ќе биде отворена на почетокот на септември во изложбениот простор на ликовниот центар и галерија во Кинотеката на Северна Македонија.

Facebook Коментари