Стружанецот Христијан Миладинов најавува нова песна со наслов „Месечина“
Младиот стужанец Христијан Миладинов најавува нова песна. Сите љубители на македонската забавна музика ова лето ќе уживаат во потенцијалниот хит со наслов „Месечина“. Во време кога технологијата и социјалните мрежи се главна окупација на младите, „Месечина“ ќе биде јасна музичка порака дека надвор од виртуелноста, во реалноста и природата под месечината животот е убав!

Миладинов со музика се занимава повеќе од седум години. Свири гитара, клавир и тапани. Во текот на својата кариера има промовирано неколку авторски песни. Христијан има и свој бенд (Wild Swans). Во бендот членуваат: Димитар Трифуноски – гитара, Ѓорѓи Мангоски – тапани и Виктор Јолакоси- бас гитара.
Strugaonline

