Лев банер Десен банер

Започнуваат уписите во Студиото за танц „БАХ“, станете дел од убавото танцувачко семејство!

Започнува новата танцувачка сезона во Студиото за танц „БАХ“

Првиот уписен рок трае од 1-ви до 15-ти септември, а вториот од  15-ти септември до 1-ви октомври. Уписите се вршат секој работен ден во период од 17:00 до 21:00 часот во просториите на студиото, односно во Центар за култура „Браќа Миладиновци“ или на телефон: 078 447 530.

„Нудиме попусти и изненадувања за сите ззапишани во прв уписен рок. Новите членови со вежбање ќе започнат од 1-ви октомври, а старите членови немаа пауза со вежбање, со нив се подготвуваме за големиот годишен концерт и натпреварите што следуваат. Бидете дел од нашето убаво семејство и вклучете се во плановите кои ги имаме за оваа сезона“- вели Тања, кореограф и идеен творец на Студиото за танц „БАХ“.

Ова балетско студио зад себе има дваесет и пет години искуство,  изгради вистинско танцово семејство и посебна култура на живеење во Струга. Танцувајте со нив и почувствувајте ја магијата!

Strugaonline

error: