Црвена Sвезда повторно ќе биде дел од групната фаза во ЛШ
Црвена Sвезда втора година по ред ќе игра во групната фаза во ЛШ откако вечерва фантастична на „Маракана“ одигра нерешено 1-1 со Јанг Бојс, на тој начин, Sвезда успеа да го елинимира швајцарскиот првак поради повеќе постигнати голови на гостински терен Првиот гол „црвено-белите“ го постигнаа во 59-та минута кога Вукановиќ ја затресе мрежата на противникот, а публиката во Белград направи одлична атмосфера и покажа голема радост. Потоа Бен постигна автогол.

Освен Црвена Sвездам пласман во групите од ЛШ обезбеди и Олимпијакос откако грчкиот гигант славеше и на вториот меч со Краснодар, овојпат на гостински терен со резултат 1-2.
Strugaonline
фото: aрхива

