Национална установа Центар за култура „Григор Прличев” – Охрид / Народен театар Охрид повторно гостуваат и тоа на театарски фестивал „Ристо Шишков” во Струмица, во вторник, 10-ти септември со преставата „Стаклена Менажерија” од Тенеси Вилијамс, а во режија Софија Ристевска Петрушева.
Играат: Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Адријана Билаловиќ Тодороска, Филип Кипровски
„Стаклена менажерија“ е претстава за комплексите, несигурноста и суровоста на современиот човек, кој сосема ја загубил солидарноста и сочувството кон послабиот. Во ова време на либерален капитализам, хуманоста полека исчезнува. Стаклена менажерија е емоционално патување низ комплексноста на семејните односи. Претставата е болен крик за големата неспособност на човекот да љуби – вели режисерката Софија Ристевска Петрушева.
Strugaonline
Facebook Коментари