Денеска во Струга информативна средба за кариерни можности со тимот на Кроациа Осигурување

Денеска во Струга ќе се одржи информативна средба на која стружани ќе можат да се запознаат со професијата Лиценциран Застапник на Кроациа Осигурување / Живот. Оваа професија нуди постојан кариерен развој, можност сами да го креирате сопственото работно време, одлични компензациски пакети и стимулативни награди, а притоа не морате да ја напуштите старата работа или факултетот. Ова е одлична можност и пензионерите да го уновчат своето време.
Кроациа Осигурување / Живот веќе има добро изградена мрежа на свои застапници низ државата. Во моментов 215 лица во Македонија имаат сертификат и можност да го збогатат домашниот буџет преку продажните вештини стекнати на обуките на компанијата.
StrugaOnline

