Денеска на Ќафасан ќе биде пуштен во употреба новоизградениот царински терминал

- Локални
759

Денеска на граничниот премин Ќафасан во Струга, официјално ќе биде пуштено во употреба новоизградениот царински терминал за стокови пратки.

На настанот е предвидено обраќање да имаат г. Зоран Заев, претседател на Владата на Република Северна Македонија, г. Семјуел Жбогар, Амбасадор на ЕУ во Република Северна Македонија, министерката за финансии г-а Нина Ангеловска и г. Ѓоко Танасоски, директор на Царинската управа.

Реализацијата на Проектот „Реконструкција на објектите за царинење и инспекција на граничниот премин за патен промет Ќафасан и надзор на изведбата на проектот“, финансиран од ЕУ преку ИПА  2013  во вредност од околу 2 милиони евра започна во октомври 2017 година. Со изградбата на нов увозно-извозен царински терминал од 9,500 m2, пристапни патишта, објекти за царинење и други инспекциски органи како и реконструкција на постојните објекти Република Северна Македонија обезбедува подобри услуги за економските оператори и побрз проток на стоката на најголемиот граничен премин со Република Албанија, како и олеснување на прекуграничните постапки.

Извор: Strugaonline

Facebook Коментари