Новата зграда во склоп на ново ООУ „Браќа Миладиновци“ е во финални подготовки. Се очекува, во текот на следната недела учениците оваа учебна година да ја продолжат во современи услови, односно од старото ООУ „Браќа Миладиновци“ да се префрлат во новиот објект.
Претставници од Општина Струга предводени од градоначалникот Мерко и членови на Советот на Општина Струга деновиве вршеа увид на градежните работи во новата зграда, непосредно пред свеченото отварање.
Во новото училиште има и посебни простории за дечињата со посебни потреби, но важно е да се напомене дека тие деца се во истата училишна зграда со сите други, не се изолирани, ќе влегуваат од истиот влез и ќе имаат исти права и услови за учење како и другите ученици.
Во новата зграда ќе учат четристотини и триесет ученици од второ до четврто одделение во вкупно дваесет и четири паралелки.
Strugaonline
Facebook Коментари