Во квалификациите за евро-шампионатот 2020 фудбалската репрезентацијата на Македонија игра со селекцијата на Словенија. Натпреварот ќе се одигра на Национална Арена „Тодор Проески“ во Скопје со почеток во 20:45 часот.
На другите две средби од 7.коло во Г-групата Австрија се сретнува со Израел, а Летонија игра со селекцијата на Полска.
По шест одиграни кола во Г-групата, лидер е Полска со 13 бода, вицешампион е Словенија со 11, Австрија има 10, Македонија и Израел по 8,а Летонија е без бодови.
Strugaonline
Facebook Коментари