ЈП Комунално: Прекршувањето на законот за јавна чистота се казнува со глоба од 200 до 300 евра

- Локални
726

Несовесни жители на Струга узурпираат јавни површини со фрлање градежен шут и се што е непотребно во нивните домови покрај контејнирите за отпад.- информираат од ЈП Комунално-Струга.


„Граѓаните кои фрлаат градежен шут и стара покуќнина покрај контејнерите го прекршуваат Законот за јавна чистота и од страна на градските инспектори можат да бидат казнети со глоба од 200 до 300 евра.“ – предупредуваат од претпријатието.


ЈП „Комунално“ Струга апелира до општинските испектори да изрекуваат казни на сите граѓани кои што постапуваат на ваков начин.

Strugaonline

Facebook Коментари