Црвен крст-Охрид објави литературен и ликовен конкурс „Еднакви сме сите“

- Локални
885

Во рамки на активностите посветени на Неделата на грижа за стари лица 18 до 24 ноември 2019, како една исклучително хумана програмска определба, со посебен акцент на еднаквиот однос и вклученост на старите лица во општествените текови и потреби на заедницата, Клубот за грижа за стари лица при Црвен крст Охрид објавува литературен и ликовен конкурс на тема „Еднакви сме сите“.

На конкурсот може да учествуваат учениците од основните и средните училишта на општините Охрид и Дебарца со дела од поезија, проза и ликовна уметност.
Ликовните и литературните творби може да се доставуваат во просториите на Црвен крст Охрид, ул. Димитар Влахов бр. 52, или да се испратат на е-маил: [email protected], најдоцна до 15 ноември 2019 г.
Доставените творби ќе ги разгледува и оценува соодветна комисија, а најдобро рангираните творци по категории: прво до петто одделение; шесто до девето одделение и средно образование, ќе бидат објавени на 21.11.2019 година (понеделник) кога и ќе им се доделат соодветни награди.
Творбите треба да бидат потпишани од авторот со податоци за име и презиме, возраст, училиште-одделение/клас, контакт телефон и адреса на живеење.

Strugaonline

Facebook Коментари