Единаесетто издание на Мултиетничкиот детски фестивал утре во Струга
Во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ (ЛЕТНА СЦЕНА), на 18-ти октомври (петок), со почеток во 12:00 часот, традиционално по единаесетти пат ќе се одржи Мултиетничкиот детски фестивал.

Оваа година на фестивалот ќе настапат студиото за модерен танц БАХ од Струга, КУД ИЛИНДЕН од Струга, Rrezet e Struges, студиото Vals, а предвидени се и соло изведби.
Организатор на фестивалот е Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ од Струга, а финансиски е подржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија.
Фестивалот ќе започне во 12:00 часот.
Strugaonline

