Претседателот на СДММ Дарко Каевски денеска учествуваше на трибината „На прав пат“ во Струга каде официјално го најави почетокот на реконструкцијата на базенот во Струга,
„Конечно е завршен процесот на собирање на документи од општина и наредната недела ќе се започне со вовед во градба и ќе започнат градежните работи. Од Агенцијата за млади и спорт веќе се издвоени 30 милиони денари наменети за реконстукција на базенот и се планира во 2021 година да биде ставен во функција со што конечно ќе се исполни едно од најважните ветувања што беше дадено за општина Струга.“ – истакна Каевски.
Базенот во Струга не работи дваесет години, а желбата на стружани повторно да профункционира е голема.
Кавски исто така информираше дека овој месец повторно ќе биде отворен едриличарскиот клуб во Струга.
Strugaonline
фото: архива
Facebook Коментари