Центарот на заедницата на Општина Струга ќе ги презентира резултатите од анализата на јавни набавки на општините од југозападен регион
Центарот на заедницата на Општина Струга ќе го промовира “Истражувањето на транспарентноста, отчетноста и интегритетот во јавните набавки на општините од југозападниот регион во 2017-та и 2018-та година“. Настанот ќе се одржи во четврток, 31 октомври, со
почеток во 13:30 часот во хотел. „ДРИМ“ во Струга.

Целта на настанот е информирање на граѓаните, институциите и граѓанските организации за
резултатите од анализа која опфаќа мониторингот на спроведувањето на јавните набавки во текот на 2017 и 2018 година од страна на општините во Југозападниот регион (Струга, Охрид, Вевчани, Дебар, Центар Жупа, Кичево, Македонски Брод, Палсница и Дебрца). Во анализата се користени унифицирани алатки за мерење и проценка на почитувањето на стандардите за транспарентност, отчетност и интегритет во јавните набавки и нивно спроведување според потребите на граѓаните.
Анализата ја спроведе Центар на заедницата на општина Струга во текот на 2018 и 2019 година.
Strugaonline

