Во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници и Богојавление – Водици, Oпштина Охрид најавува богата музичко – забавна програма.
Охриѓани и туристите Новата година ќе ја дочекаат со настапите на Ефто Пупиноски, групата Камелеон и Ѓоко Танески, на Градски плоштад Охрид.
На истата локација, на 2-ри јануари ќе има неповторливо музичко доживување со Марко Луис,
на 5-ти јануари Ретро Палас хитови со дџ Ванчо, а на 11-ти јануари ќе се случи одлична џез, соул и фанк забава со Владимир Василевски – Четкар.
На 18-ти јануари концерт ќе одржи најпопуларната музичка ѕвезда во Хрватска, Петар Грашо,
а на 20-ти јануари, по повод „Ден на рибарите“ на градскиот плоштад во Охрид ќе настапи Миле Кузманоски.
Strugaonline
Facebook Коментари