Лев банер Десен банер

Секторот за туризам при Општина Охрид откупува фотографии со мотиви од Охрид

Согласно Г2 програмата за поттикнување на развојот на туризмот на општина Охрид за 2020 година, Секторот за Туризам и ЛЕР при општина Охрид објави јавен повик за откуп на фотографии со мотиви од Охрид (културни, историски и природни убавини).

Откупот ќе се реализира преку откупување на фотографии со мотиви од Охрид кои до сега не се воопшто користени за други цели, а максимален број на откупени фотографии од еден понудувач е 10.

Секторот за Туризам и ЛЕР  согласно програмата за 2020 година има определено средства во износ од 150.000,00 денари.

На јавниот повик право на пријавување имаат сите заинтересирани субјекти, правни и физички лица кои се занимаваат со изработка и продукција на фото и видео материјал.

Strugaonline

фото: архива

error: