JП „Комунално” објави демант за текстовите објавени во дел од локалните медиуми
JП „Комунално” објави демант на информацијата што ја објавија дел од медиумите дека екипи од УЈП вршат контрола во ЈП.

Демантот ви го пренесуваме во целост :
Деновиве УЈП има најавено редовна контрола во ЈП, за да се провери состојбата како Комуналното претпријатие да изнајде можност редовно да ги сервисира 15-годишните долгови према УЈП за неплатен ДДВ.
Новиот состав на ЈП во текот на 2018 со репрограмирање исплати близу 2 милиони денари, меѓутоа со зголемените трошоци од редовното работење не можеше да ја следи договорената динамика на исплата од репрограмирањето.
Целта на службите на УЈП е да се изнајде начин во соработка со основачот (совет на Општина Струга) и да се направи анализа колку би можела да биде месечната рата која би можело ЈП да ја плаќа по основ на репрограмот, а да не се наруши нормалното работење на Јавното претпријатие.

