За вевчанскиот пензионер Арѓил Мукоски – Рашо….
Професор по музичко воспитување, кој работеше во ОУ „Страшо Пинџур“во Вевчани до неговото пензионирање. Не е можно да се зборува за него, а да не се спомне неговата специјална дејност поврзано со хорското музицирање. Тој и ден денес е постојано со членовите на хористи –пеачки групи на ЗП Вевчани и ЗП Струга, кој со години ги подготвува за регионалните и републичките натпревари за песна-музика и игра и со години редат успеси.
– Откако ЗП Вевчани стана самостојно здружение на пензионери сум ангажиран во оваа здружение и правам напори да оформам пеачка група во нашево здружение, вели Рашо.
Нема сомнение дека Арѓил Мукоски – Рашо досега со неговите хорови е вистински музички амбасадор, потврдувајќи се како афирмиран уметник пред се на македонската музичка култура. Посебни успеси имаше во наставно-образовната дејност, каде што доби голем број на награди и признанија.
Музичарот Мукоски е убав пример дека и во поодминати години може да се биде активен и да се дава придонес во многу области.Со негување на вевчанското хорско музицирање тој го афирмира Вевчани и нашата земја во регионот и пошироко.
Текст и фото: Стојан Кукунешоски
Facebook Коментари