Мерко и Шаќири доделија 300 книги во секое училиште во Општина Струга

- Локални
740

Градоначалникот Мерко и Јетон Шаќири доделија по 300 книги за секое училиште во Општина Струга.

Општина Струга организираше акција за доделување на книги со цел збогатување на библиотеките на основните и средните училишта. Книгите кои се доделија беа дела на 50 нобеловци преведени на албански и други наслови од албанската литература.

„Акцијата ја водеше градоначалникот на Општина Струга, г-дин Рамис Мерко и кандидатот за пратеник г-дин Јетон Шаќири, кој што во секое училиште  додели 300 книги кои ќе бидат од голема помош за воспитно-образовниот процес во овие училишта за кои конечно завршија мрачните денови кога немааа ни креда за пишување на таблата заради блокираните сметки, а уште помалку книги во библиотеката.“ – велат од Општина Струга.

Директорите и преставниците на училиштата им се заблагодарија на организаторите и ја поздравија иницијативата која е од голема важност за сите идни генерации кои што ќе седнат во училишните клупи.

Strugaonline

 

 

Facebook Коментари