-Заради новонастанатата состојба во Државата и подигнатиот степен на подготвеност и превенција во справување со корона вирусот, Општина Вевчани формираше мобилен тим за помош на сите стари и изнемоштени лица и лица со посебни потреби од општината, се со цел да не остваруваат непосреден контакт со останатите луѓе и да не се изложат на дополнителна опасност од инфицирање со Covid 19 (Корона вирус).-информира градоначалникот Сашо Јанкоски.
„Секој граѓанин од наведените категории, кој има потреба од набавка на потребни лекарства, прехрамбени производи и средства за хигиена ќе може да телефонира и да побара помош со повик на следните телефонски броеви:
070-302-491
046-784-640
По повикот , во вашиот дом доаѓа мобилниот тим од општина Вевчани и ќе ја прими вашата нарачка со потребните неопходни средства за купување и за кратко време ќе бидете услужени, а самите граѓани ќе си ги покријат трошоците за продуктите, а услугата на мобилниот тим не се наплаќа.“ – стои во објавата на Јанкоски.
Strugaonline
Facebook Коментари