ЈП Комунално Струга нема да доставува фактури за подигање комунален смет на објектите што се затворени со мерките

- Локални
1052

ЈП Комунално – Струга ги известува граѓаните на Општина Струга дека во изминатиов период од кога беше прогласена пандемија од коронавирусот (ковид-19)во пет наврати изврши наврати дезинфекција на Градскиот Пазар (Зелениот Пазар) во Струга. Исто така ЈП Комунално – Струга изврши дезинфекција во сите јавни институции во градот, нивните влезови, ходници и канцеларии.
ЈП Комунално – Струга им соопштува на сите корисници на услугата подигање на комунален смет – Правните лица кафетерии, ресторани, обложувалници и сл.) а кои се затворени со мерките за заштита од коронавирусот (ковид-19) дека од кога настапија наведените мерки со нивното затварање, нема да им биде доставена фактура за подигање на комунален смет се додека траат мерките.

Strugaonline

Facebook Коментари