Утврдено прекршување во однос на неовозможување на здравствена заштита на пациентката од Струга

- Локални
1067

Во тек е инспекцискиот надзор во Охридската општа болница каде не беше примена 66-годишната пациентка од Струга која потоа почина од коронавирус. Во текот на денешниот ден ќе биде комплетиран целиот извештај за овој случај, но она што досега го потврдиле инспекторите е дека има прекршување во однос на неовозможување на здравствена заштита на пациент.

-Инспекцискиот надзор се уште трае, но од досега добиените информации утврдено е прекршување во однос на неовозможување на здравствена заштита на пациент, се однесува на здравствен работник кој бил дежурен во времето кога пациентката е донесена на преглед. Точно е дека матичниот доктор има издадено упат. За сите други прашања ќе одговорам и ќе го информирам министерот во извештајот што ќе биде подготвен денеска затоа што се уште се земаат изјави од сите оние кои работеле тој или следниот ден на Инфективната болница во Охрид, изјави  директорката на Државниот здравствен и санитарен инспекторат Иринка Сотирова.

Во врска со овој случај министерот Филипче најави дека денеска ќе биде разрешена директорката на  Охридската болница.

Извор: ТВ 21

Facebook Коментари