СВР Охрид доби донација од заштитни маски и средства за дезинфекција во висина од 10 000 евра

- Локални
656

Министерството за локална самоуправа, заедно со делегацијата на ЕУ, преку ИПА програмата со Албанија, обезбедија средства во висина од 10 000 евра за донација во СВР Охрид.

„Донацијата се состои од заштитни маски, ракавици и средства за дезинфекција, а Албанската страна обезбеди заштитни маски и средства за дезинфекција за 150 семејства од ранливи категории. “ – информираше министерот за локална самоуправа, Горан Милевски.

„Среќен сум што сум овде. Ова е практика која ја имаме во рамките на сите наши проекти, проверуваме дали имаме залихи и истите ги транспортираме каде што е потребно за справување со корона кризата. Ова е подарок кој Северна Македонија не треба да го врати.“ – истакна Фрејк Јанмат, раководител на сектор од делегацијата на ЕУ.

Началникот на СВР Охрид, Илија Милески посочи дека донацијата доаѓа во вистинско време и ќе помогне секторот да биде поефикасен во реализација на задачите и успешна борба во сузбивање на вирусот КОВИД 19.

Strugaonline

Facebook Коментари