Денеска започнаа градежните работи за реконструкција на стариот објект на основното училиште „Браќа Миладиновци” што наскоро ќе биде новата зграда на Општина Струга.
„После преместувањето на учениците во новиот објект на ОУ „Браќа Миладиновци” , објектот беше оштетен од група неодговорни граѓани кои ги искршиле прозорците, вратите и предизвикале други штети.“ – информираат од Општина Струга.
Градоначалникот Мерко изјави дека градежните работи се веќе во тек, штетите ќе се поправат и наскоро Општина Струга ќе има нова локација.
Strugaonline
Facebook Коментари