Во текот на изминатото деноноќие (21/22.2020 година), за време на полицискиот час и спроведувањето на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус COVID-19, според статистичките податоци на МВР, на подрачјето на СВР Охрид, осум лица не ја почитувале забраната за движење (Охрид-1, Струга-2, Кичево-5). Тие се приведени и против нив ќе бидат поднесена кривична пријава по членот 206 од Кривичниот законик „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.
Во истиот период, не се регистрирани нарушувања на јавниот ред и мир, кражби и сообраќајни незгоди. На подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници извршиле 44 контроли врз лица во изолација, 10 контрола врз лицата во самоизолација и 21 контроли на угостителски и други објекти.
На 21.05.2020 година, И.Ф. (36) од Охрид, во полициската станица пријави дека на 19.05.2020 година, на булеварот „Туристичка“ во Охрид, додека изведувал градежни работи, бил физички нападнат од сопственик на угостителски објект лоциран на булеварот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Извор: СВР Охрид
Facebook Коментари