Во рамките на предизборните активности, вчера во работна посета на струшкиот регион беше заменичката на претседателот на Владата на Република Северна Македонија и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска.
„Оние кои сакаат да инвестираат во иднината инвестираат во инфраструктура. Денеска ми беше навистина задоволство што можев да го посетам граничниот премин Ќафасан каде што Владата инвестираше сериозни средства во соработка со ЕУ за да обезбеди полесен транспорт, побрзо минување на граничниот премин и поголема размена со нашите соседи. Новите објекти на граничниот премин Ќафасан покажуваат колку брзо можеме да ја менуваме инфраструктурата и таа да биде во поддршка и на граѓаните, но и на македонската економија. – изјави Шекеринска
Министерката за одбрана го посети селото Лабуништа.
„Ми беше навистина задоволство да видам колку брзо неколку важни работа за луѓето во Лабуништа се променија. Секој пат кога сум го посетувала Лабуништа истите дискусии сме ги воделе – каква е патната инфраструктура, каква е состојбата со образованието, особено земајќи предвид дека голем број на деца немаа шанси да имаат каква било спортска активност. Денеска задоволство ми е да бидеме присутни таму каде што животот е подобар, а подобар е затоа што сме вложувале во вистински работи. После 40 години и повеќе успеавме да инвестираме во важен патен правец за целиот овој крај. Патниот правец Суво поле – Лабуништа е целосно реконструиран благодарејќи на средства од Јавното претпријатие за државни патишта и Платежната држава агенција. Тоа покажува – кога институциите соработуваат, навистина резултатите се видливи.“ – изјави Шекеринска изразувајќи задоволство дека ја посетила и новата спортска сала во Лабуништа.
Радмила Шекеринска изрази задоволство дека во Лабуништа забележала почитување на мерките за превенција и заштита од коронавирусот.
Strugaonline
Facebook Коментари