Неделен КОВИД билтен за Струга, Охрид, Вевчани, Дебар и Центар Жупа

- Локални
744

Со цел правовремено и точно информирање на населението кое живее на подрачјето на општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, Центар за јавно здравје Охрид објавува билтен со податоци, информации и препораки за справувањето со вирусот COVID-19 на неделна основа.

За период од 20 до 26 јуни 2020 г.
– Материјали (брис грло и нос) за тестирање на присуство на COVID-19 земени се од вкупно 223 лица и тоа по место на живеење: во општина Охрид и Дебрца 104 лица, во општина Струга и Вевчани 89 лица, а во општина Дебар и Центар Жупа 30 лицa.
– Од вкупно земените материјали, 129 се земени по епидемиолошки индикации (лица кои исполнуваат критериуми за дефиниција на случај) (Охрид и Дебрца 60, Струга и Вевчани 39, Дебар и Центар Жупа 30), а 94 материјали зе земени при скрининг тестирањето со упат од матичен лекар-МОЈ ТЕРМИН (Охрид и Дебрца 44, Струга и Вевчани 50, Дебар и Центар Жупа 0)
– Од тестираните лица во овој период во општина Охрид лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 кај 44 лица, од општина Струга кај 44 лица, а од општина Дебар кај 26 лица.
– Во Охрид 53 пациенти се на домашно лекување, а во Струга 50 пациенти се на домашно лекување.
– Активни случаи во Охрид се 116, во Струга 111, а во Дебар 37.
– Оздравени има 4 лица од Охрид и 2 лица од Струга
– Во овој период починати се 3 лица од општина Охрид и 1 лице од општина Струга.

Извор: ЦЈЗ Охрид

 

Facebook Коментари