Поведена постапка за три лица во Струга поради непостапување според здравствените прописи

- Локални
625

Поведена е постапка за три лица во Струга поради Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Двајца од нив не ги почитувале мерките и одлуките за забрана на движење на населението, па за време на полицискиот час на 5-ти и 7-ми јуни, без дозвола, пеш се движеле низ околината на градот.

Еден од обвинетите не постапил согласно донесено Решение од Државниот санитарен и здравствен инспекторат со кое му била определена задолжителна самоизолација. При проверка од надлежни лица, на 4-ти јуни тој не бил затекнат во својот дом.

Основното јавно обвинителство Струга со предлозите за издавање казнени налози побара од Судот на обвинетите да им изрече парични казни во износ од по 100 дневни глоби, со предлог да ја определи висината на дневните глоби за секој од нив на по 30 евра во денарска противвредност.

извор: ОЈО Струга

фото: архива

Facebook Коментари