Пожар во куќа и кровна конструкција во село Враништа

- Локални
856

Денеска во 11.00 часот во ТППЕ Струга пријавен е пожар во село Враништа . Oпожарена е куќа и кровна конструкција.

-Од страна на ТППЕ Струга веднаш е интервенирано со три противпожарни возила и шест пожарникари . Со брзата и навремена интервенција спречено е проширување на пламените јазици кон просториите и спречено е настанување на поголема материјална штета.-информираат од струшката противпожарна единица.

Причините за пожарот не се познати. Екипи на МВР се на терен .

Strugaonline

Facebook Коментари