19 лица во Струга и 59 во Охрид казнети поради неносење маска

- Локални
396
Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 170 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид-59, Струга-19, Кичево-34, Дебар-58).
-Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид-19. Воедно, полициските службеници самостојно, но и во координација со Државниот пазарен инспекторат извршиле 31 контрола врз угостителски и други објекти.-информираат од СВР Охрид. 
Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари