Парични казни за 31 лице во Охрид и 16 во Струга поради неносење маски

- Локални
471

Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 64 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид-31, Струга-16, Кичево-12, Дебар-05).

Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид-19.

Воедно, полициските службеници самостојно, но и во координација со Државниот пазарен инспекторат извршиле 21 контроли врз угостителски и други објекти (Охрид-1, Струга-5, Кичево-7, Дебар-8).

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари