Во дворот на храмот „Свети Никола“во Вевчани, во рамките на овогодинешното културно лето во беше промовирана книгата на Петар Алулоски, „Вода за Свети Спас“
Промоторот на книгата Мишо Китаноски, кој воедно го прогласи отворено Вевчанското културно лето,во знак на одбележувањето на 47 – годишнината од Културната манифестација „Печалбарски денови“,а стихови од збирката со песни за Вевчани и вевчанци читаше младата поетеса Верица Мукоска, додека пак програмата ја водеше внуката на авторот на книгата Христина Мирческа.
Петре Алулоски е роден на 13 јули во Вевчани. Основно училиште и поламатура завршил во родното село,а средно образование завршил во Воздухопловното училиште,(1954) во Краљево, Република Србија. По две години стажирање,завршил дополнително образование за навигациски уреди и се стекнал со звањето „Навигатор на уред за летање без видливост“.Работниот век го поминал на аеродромот во Подгорица, Република Црна Гора.
Има водено над 1500 слетувања по магла и невреме, посебно на патничките авиони.Исто така во Радио клубот во овој град е многу активен и се занимавал со изградба на разни електронски уреди.Првенствено радио предаватели и уреди за гониометрија,со кои има одржувано врски со сите седум континенти.Тој е првиот Македонец што се натпреварувал во гониометрија и е европски шампион.За вкупните успеси,добитник е на наградата „Никола Тесла.Од 1965 тој работи на аеродромот Петровец крај Скопје.Од 1988 година е пензионер.Од април,додека падне снег живее во Вевчани,а во Скопје престојува само во зимските месеци.
Книгата со песни „Вода за Свети Спас“од авторот Петер Алулоски е поделена во три циклуси и тоа „Светецот свети секогаш“, „На Вевчанските Василичари“и Вевчански мисли“и претставува вистинско поетско доживување и сведоштво на многу настани што се одиграле во Вевчани за кои поетот на општо задоволство,нашол лична инспирација и воспеал многу настани, почнувајќи од доселувањето во населбата,па се до изградбата на водоводот на манастирот „Свет Спас – Горни на планината Јабланица во атарот на Вевчани. Во песните авторот Алулоски е подеднакво исполнет и со тага и со радост ,за се она што тој сакал да се оствари,затоа неговите песни се читаат на еден здив.Во книгата авторот Алулоски објавува и мал вовед во којшто појаснува за што пишува,но и за значењето на напишаниот збор во одбрана на македонството и македонскиот идентитет.Во книгата е и поместена и неговата прва песна што ја напишал во 1952 год.за време на своето средношколско образование.Авторот Петре Алулоски многу свои песни ги посветил на познати и признати вечанци,со што остава трајна поетска трага во животот на оваа позната и надалеку афирмирана населба,истакна промоторот Мишо Китаноски.
Тимот што ја подготви оваа книга и промоцијата со песни „Вода за Свети Спас“од Петре Алулоски е составен од вевчанци кои со своето творештво оставаат трајна трага,а тоа се афористичарот Сашо Бетоски,Мишо Китаноски потпишан како уредник на книгата ,сликарот Христо Чочороски чија слика во масло од манастирот Св.Спас-Горни е поместена на корицата,Билјано Лотеска,која со својот дизајн се грижеше за убавината на изданието и Ленче Коруноска библиотекарка во Вевчани.Сите тие придонесуваат,книгата на поетот вевчанецот Петр Алулоски да се вброи во убавите наши изданија од ваков вид кај нас
Текст и фото: Стојан Кукунешоски
Facebook Коментари