Филипче- Хронично болните имаат рок до 23 септември да добијат потврда од специјалист

- Македонија
466

Mинистерот Филипче утрово се сретна со претставниците на здруженијата на пациенти. На средбата, тие ги изнесоа своите предлози за доследно спроведување на одлуката на Владата по препорака на Комисијата за заразни болести, хронично болните да се вратат на работа, а притоа да не се прават злоупотреби на системот.


„Станува збор за широка категорија и идеата е да ја сведеме на поткатегории со цел да не се злоупотребува системот и да биде фер за сите, односно оние кои треба да се дома и кои се навистина во ризик, да останат дома. Хронично болните имаат рок до 23-ти септември да посетат специјалист и да добијат потврда со која поради нивната дијагноза и состојба нема да можат да се вратат на работа. За да можат да го реализираат тоа, ќе бидат пуштени дополнителни термини на Мој Термин и е-амбуланта.“ – информираше Филипче.

Тој додаде дека доколку до 23 септември овие пациенти не стигнат да ги обезбедат потврдите, ќе се остави простор за пролонгирање.
Министерот потенцираше дека место за паника нема, бидејќи, како што вели, мерката е димензионирана за да ги заштити ризичните пациенти.

Facebook Коментари