Во Струга има 59 активни случаи на КОВИД 19

- Локални
581

Во интерес на правовремено и точно информирање на населението кое живее на подрачјето на општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, во кои делува, од охридскиот Центар за јавно здравје објавуваат билтен со податоци, информации и препораки за справувањето со вирусот COVID-19 на неделна основа.

Податоци за периодот од 5-ти до 11-ти септември 2020 година:

– Материјали (брис грло и нос) за тестирање на присуство на COVID-19 земени се од вкупно 90 лица во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа и анализирани се во лабораториите на Институтот за јавно здравје Скопје
– Од вкупно земените материјали, 29 се земени по епидемиолошки индикации (лица кои исполнуваат критериуми за дефиниција на случај), а 61 материјали зе земени при тестирањето со упат од матичен лекар- „Мој термин“
– Од вкупно тестираните лица во сите лаборатории во овој период, лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 кај вкупно 67 лица и тоа кај 32 лица од општина Охрид, кај 28 лица од општина Струга и кај 7 лица од општина Дебар.
– Активни случаи во Охрид се 42, во Струга 59, а во Дебар 29.
– Во овој период оздравени се 13 лица од Охрид, 29 лица од Струга и 1 лице од Дебар.
– Во овој период починати се 8 лица и тоа 4 од општина Охрид, 3 од општина Струга и 1 лице од општина Дебар.

Извор и фото: ЦЈЗ

Facebook Коментари