Лев банер Десен банер

Време-Денеска сончево со мала облачност, утре дожд и пад на температурите

Денеска ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец. Кон крајот на денот во западните делови ќе има зголемена облачност со врнежи од дожд. Дневната температура ќе се движи во интервал од 26 до 31 степен. Утре ќе биде претежно облачно со пообилни врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни, проследени со грмежи и силен ветер. Температурата значително ќе се намали и ќе се движи во интервал од 18 до 24 степени.

Извор: УХМР

error: